Денес, заедно со кандидатот за градоначалник од АКИ, Скендер Исуфи, ја пречекавме заменик-министерката за транспорт и врски, г-ѓа Калтрина Зеколи, со која извршивме увид во градежните активности на улица 12, која е при крај на реализација.

Овој проект е резултат на нашата посветеност уште од 2023 година, кога беше подготвена техничката документација и беше поднесено барање за финансирање преку средства на Светската банка. Улицата е изградена согласно стандардите на Светската банка и претставува значајно достигнување за жителите на овој дел од населеното место, кои во минатото се соочуваа со бројни штети […]
Денес започнавме со целосна реконструкција на внатрешниот дел на амбулантата во населеното место Арачиново

Почитувани граѓани, Денес започнавме со целосна реконструкција на внатрешниот дел на амбулантата во населеното место Арачиново, со што се заокружува многу успешната тригодишна соработка со хуманитарната организација „Класје на добрината” и организацијата „Islamic Relief”. На овој настан присуствуваше и директорот на Здравствениот дом, г. Самир Исени. По тој повод, во мое име и во име […]
Денес во населеното место Орланце беше свечено отворено новото мултифункционално спортско игралиште.

Нова спортска површина ставена во служба на учениците, децата и сите млади – затоа што нашата иднина заслужува подобри услови. Нека ја користат со здравје и радост!
Заедно со кандидатот за градоначалник, г. Скендер Исуфи, извршивме увид во градежните активности на улица 12, каде што официјално започна процесот на асфалтирање.

Почитувани граѓани, Заедно со кандидатот за градоначалник, г. Скендер Исуфи, извршивме увид во градежните активности на улица 12, каде што официјално започна процесот на асфалтирање. Овој проект претставуваше комплексна и целосна интервенција, бидејќи стандардите на Светската банка се исклучително строги. Со континуирана работа и посветеност успеавме да го реализираме целосниот реконструктивен зафат на оваа улица. […]
1 Септември – Почеток на новата учебна година

Првиот училишен ден секогаш претставува посебен момент, кога емоциите и очекувањата се спојуваат во еден нов почеток. Денес, стотици ученици се враќаат во училишните клупи, додека првоодделенците ги прават своите први чекори кон знаењето – мали чекори за нив, но со големо значење за нашата иднина. Во текот на нашиот четиригодишен мандат, образованието остана наш […]
JABEН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПОВТОРНА ЈАВНААНКЕТА ЗА УПС МОЈАНЦИ Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физичкилица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни напланскиот опфат, широката јавност, претставници на стручнатајавност, претставници од органи на државна управа, претставници наединиците на локална самоуправа, стручни лица од невладиниорганизации и други стручни лица […]
Денешните поплави предизвикаа значителни оштетувања на патната инфраструктура во Општината.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА АРАЧИНОВО Општина Арачиново ги информира своите граѓани дека денешните поплави предизвикаа значителни оштетувања на патната инфраструктура во општината. Најмногу е зафатена Улица 12, каде што во моментов се изведуваат градежни активности и истата е целосно непроодна. Дополнително, се евидентирани оштетувања и на делови од регионалниот пат што поминува низ територијата […]
Со важност за жителите на улица 12

ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани граѓани на Општина Арачиново, Општина Арачиново ги информира жителите на Улица 12 дека, поради изведување на градежни активности и со цел забрзување на динамиката на работите, од утре (вторник, 12.08.2025 година), делницата од Улица 12, на потегот од Центарот до “Џамија е Дшморве”, ќе биде целосно затворена за сообраќај. Затворањето ќе трае до […]
Заменик-градоначалникот на Метрополитен Општина Коња, Мустафа Узбаш, во посета на Општина Арачиново

Денес, заедно со претседателот на Советот, г. Сејди Небиу и почитуваниот хоџа Али Садику, имавме чест да го пречекаме во Арачиново Заменик-градоначалникот на Метрополитен Општина Коња од Република Турција, г. Мустафа Узбаш. По заедничкото клањање на џума-намазот во Џамијата „Резистенца”, одржавме плоден состанок во просториите на Општината. Оваа посета претставува израз на почит не само […]




