Денешните поплави предизвикаа значителни оштетувања на патната инфраструктура во Општината.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА АРАЧИНОВО

Општина Арачиново ги информира своите граѓани дека денешните поплави предизвикаа значителни оштетувања на патната инфраструктура во општината. Најмногу е зафатена Улица 12, каде што во моментов се изведуваат градежни активности и истата е целосно непроодна. Дополнително, се евидентирани оштетувања и на делови од регионалниот пат што поминува низ територијата на општината.

Екипите на ЈКП „Амбиенти”, во координација со изведувачката компанија на Улица 12, веднаш излегоа на терен и преземаат соодветни мерки со цел нормализирање на состојбата во најкраток можен рок.

Дел од настанатите оштетувања се резултат на подолги доцнења од страна на изведувачот, меѓутоа наш примарен приоритет останува безбедноста на граѓаните и обезбедувањето непречено движење.

Општина Арачиново им упатува благодарност на сите граѓани за разбирањето и трпението во овие околности.