Почитувани граѓани,
Заедно со кандидатот за градоначалник, г. Скендер Исуфи, извршивме увид во градежните активности на улица 12, каде што официјално започна процесот на асфалтирање.
Овој проект претставуваше комплексна и целосна интервенција, бидејќи стандардите на Светската банка се исклучително строги. Со континуирана работа и посветеност успеавме да го реализираме целосниот реконструктивен зафат на оваа улица.
Асфалтирањето ќе се одвива во две фази:
• Првата фаза, која опфаќа половина од трасата, е завршена.
• Втората фаза ќе се реализира по финалните подготовки, со што проектот целосно ќе се заокружи – со атмосферска канализација, пешачки патеки и финално асфалтирање.










