ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани граѓани на Општина Арачиново,
Општина Арачиново ги информира жителите на Улица 12 дека, поради изведување на градежни активности и со цел забрзување на динамиката на работите, од утре (вторник, 12.08.2025 година), делницата од Улица 12, на потегот од Центарот до “Џамија е Дшморве”, ќе биде целосно затворена за сообраќај.
Затворањето ќе трае до 16.08.2025 година (сабота).
Се молат граѓаните за разбирање и трпение за време на изведувањето на овие активности.
Со почит,
Служба за информирање
Општина Арачиново




