Население

Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2002 година, територијата на општина Арачиново се протега во 24 км2, со 11992 жители и 2582 куќи. Етничката структура на општината е следна:

90,72% Албанци
8.23% Македонци
0.54% Бошњаци
0.11% Срби
0.01% Власи и
0.39% припадници на други етнички заедници.

Според старосната структура, населението е поделено на следниот начин:

10.63% се од 0-4 годишна возраст;
11.69 % од 5-9 годишна возраст;
10.52% од 10-14 годишна возраст;
9.46% од 15-19 годишна возраст;
9.35% од 20-24 годишна возраст;
9.30 % од 25-29 годишна возраст;
8.45% од 30-34 годишна возраст;
6.87% од 35-39 годишна возраст;
5.02% од 40-44 годишна возраст;
4.63% од 45-49 годишна возраст;
3.69% од 50-54 годишна возраст;
3.41% од 55-59 годишна возраст;
2.55% од 60-64 годишна возраст;
1.73% од 65-69 годишна возраст;
1.32% од 70-74 годишна возраст;
0.60% од 75-79 годишна возраст;
0.33% од 80-84 годишна возраст и
0.30% над 84 годишна возраст.

Од горенаведените податоци може да се констатира дека 32,84% од жителите на општина Арачиново се од 0-14 годишна возраст, 62,73% од 15-64 годишна возраст, 4,28% над 64 годишна возраст, односно 53,08% од жителите се на фертилна возраст.

Ако се споредат податоците со податоците на другите општини, може да се констатира дека општина Арачиново има најмладо население во Република Северна Македонија.

Според бројот на жителите, Советот на општина Арачиново се сотои од 15 советници, избрани на непосредни, слободни избори со тајно гласање.

Во рамките на општината е и основното училиште „Скендербег” со повеќе од 1000 ученици.