Заменик-градоначалникот на Метрополитен Општина Коња, Мустафа Узбаш, во посета на Општина Арачиново

Денес, заедно со претседателот на Советот, г. Сејди Небиу и почитуваниот хоџа Али Садику, имавме чест да го пречекаме во Арачиново Заменик-градоначалникот на Метрополитен Општина Коња од Република Турција, г. Мустафа Узбаш.

По заедничкото клањање на џума-намазот во Џамијата „Резистенца”, одржавме плоден состанок во просториите на Општината. Оваа посета претставува израз на почит не само кон мене како Градоначалник, туку пред се кон сите граѓани на Општина Арачиново.

Разговаравме за можностите за соработка во различни области од заеднички интерес. Г. Узбаш ја изрази својата подготвеност да ја поддржи нашата општина со конкретни проекти, а воедно се договоривме во иднина да ја формализираме оваа соработка преку заеднички проект.

Ова претставува само почеток на едно пријателство и одржлива соработка помеѓу Арачиново и Коња.