Овој проект е резултат на нашата посветеност уште од 2023 година, кога беше подготвена техничката документација и беше поднесено барање за финансирање преку средства на Светската банка.
Улицата е изградена согласно стандардите на Светската банка и претставува значајно достигнување за жителите на овој дел од населеното место, кои во минатото се соочуваа со бројни штети поради недостиг на соодветни услови, а неколкупати и со поплави.
Верувам дека со реализацијата на овој проект обезбедивме трајно и одржливо решение за долгогодишниот проблем.
Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа за успешното завршување на оваа инвестиција.










