Мисија

Ефикасна и ефективна општина која е целосно фокусирана на потребите на жителите. Општина поврзана со сите клучни актери за развој на социо-економските стандарди на жителите.

Нашата цел е да создадеме добра клима за поттикнување на малите и средни претпријатија за економски развој на целата Општина. Со ова ќе создадеме поволна клима за намалување на невработеноста, а ќе се ублажи и социјалниот ефект врз семејствата кои бараат работа за да излезат од сиромаштијата.