По краток технички прекин, работите на Улицата 14 продолжија.

Градоначалникот на Општината, г. Даут Беќири, изврши теренска инспекција, при што се увери дека сите активности се одвиваат согласно техничките стандарди и во согласност со проектниот договор. Општина Aрачиново останува посветена на унапредувањето на локалната инфраструктура, со цел Улицата 14 да се заврши со висок квалитет и во планираните рокови, во служба на нашите граѓани.“
Претседателот на Општина Aрачинво, г. Даут Беќири, денес одржа работен состанок со претседателот на Општина Липково, г. Еркан Арифи, и претседателот на Советот, г. Зекирја Шаини.

За време на состанокот се дискутираше за заедничките предизвици и проектите кои можат да се реализираат во служба на граѓаните на двете општини. Разговорот се одвиваше во атмосфера на соработка и разбирање, со фокус на зајакнување на меѓуопштинската координација за конкретни и долгорочни резултати. Општина Арачиново останува посветена да продолжи со оваа соработка со јасни […]
Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Даут Беќири, оствари средба со претставниците на Здружението „Иселениците од Арачиново“, претседателот на здружението г. Рамадан Јусуфи и г. Мурсел Ибрахими.

За време на средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу општината и дијаспората. Градоначалникот Беќири високо ја оцени улогата на нашите иселеници, кои со години претставуваат силен столб за развојот на Арачиново и важни поддржувачи на иницијативите и проектите за доброто на граѓаните. Општина Арачиново останува посветена на продолжување на соработката со дијаспората, работејќи […]
Денес во училиштето „Ѓерѓ Кастриот – Скендербег“ беше одбележан Патрониот празник на училиштето и 28 Ноември – Денот на Знамето и Денот на Независноста на Албанија.

Градоначалникот г-дин Даут Беќири ја истакна важноста на образованието како темел на развојот на нашата заедница и нагласи дека Општината ќе продолжи со целосна поддршка за училиштата, учениците и наставниците. Патрониот празник на училиштето „Герѓ Кастриот – Скендербег“ нѐ потсетува на традицијата, вредностите и важната мисија што ова училиште ја пренесува од генерација на генерација. […]
Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Даут Беќири, го именува Суад Бајрами на функцијата Заменик-градоначалник на Општина Арачиново.

Г. Бајрами, по професија стоматолог, е позната личност по својот професионализам, посветеност и интегритет во служба на граѓаните. Неговото искуство и континуирана ангажираност претставуваат значајна вредност за раководните структури на општината. Ова именување го зајакнува раководниот тим и има за цел зголемување на ефикасноста на администрацијата, унапредување на развојните проекти и обезбедување поквалитетни услуги за […]
Градоначалникот на Општина Aрачиново, г. Даут Беќири, денес оствари средба со муфтијата на Скопје, Кенан Исмаили, заедно со претставници од Скопската муфтија.

За време на средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Општина Aрачиново и Муфтинијата, со посебен фокус на услугите за верниците и жителите на општината. Гостите упатија честитки по повод преземањето на функцијата од страна на градоначалникот Беќири и подарија плакета со убавата Џамија на Мустафа-паша. Во знак на почит, градоначалникот Беќири подари плакета […]
Претседателот имаше задоволство да ја посети градинката „Фатосат“ по повод Ноемвриските празници. Атмосферата таму беше исполнета со радост и енергија од најмладите деца, на кои со многу љубов им беа поделени празнични пакети.

За претседателот и Општината, секогаш е задоволство да бидат покрај децата, бидејќи тие се нашата иднина и причината поради која се работи секој ден за создавање уште подобри услови во нашата општина.
Денес, во просториите на Општина Aрачинoво, официјално беше потпишана документацијата за прием на новата машина – мини линија за сортирање на отпадот од страна на Градоначалникот, г. Даут Беќири.Оваа опрема е наменета за селекција и раздвојување на отпадот по видови, вклучувајќи пластика, хартија, метал и други рециклабилни фракции, со што процесот на третман станува многу поефикасен, поконтролиран и побезбеден за животната средина.

Оваа инвестиција е во рамките на проектот „BE CLEAN BE GREEN – БИДИ ЧИСТ, БИДИ ЗЕЛЕН“ и е финансирана од ИПА-фондовите на Европската Унија во рамките на програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија, што претставува значаен чекор во процесот на модернизација на комуналните услуги и директно придонесува за подобрување на квалитетот на живот […]
Денес во Општина Арачиново одржавме инспиративна средба со Ридван Мустафа и неговата колешка, координаторки на Центарот за Асистенција, каде што официјално го започнавме соработувањето за еден проект што ќе донесе вистинска промена во нашата заедница.

Овој проект, поддржан од Светска банка, во соработка со Министерството за социјална работа, општините и Центарот за Асистенција, ќе започне со обезбедување домашни услуги за старите лица во потреба од месец јануари. Тоа е голем чекор кон едно похумано, посолидарно и поодговорно Арачиново. Проектот не само што ја зајакнува грижата за постарата генерација, туку отвора […]




