Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Даут Беќири, го именува Суад Бајрами на функцијата Заменик-градоначалник на Општина Арачиново.

Г. Бајрами, по професија стоматолог, е позната личност по својот професионализам, посветеност и интегритет во служба на граѓаните. Неговото искуство и континуирана ангажираност претставуваат значајна вредност за раководните структури на општината.

Ова именување го зајакнува раководниот тим и има за цел зголемување на ефикасноста на администрацијата, унапредување на развојните проекти и обезбедување поквалитетни услуги за жителите на Арачиново.

Му посакуваме на Д-р Суад Бајрами многу успех и продуктивна работа на новата функција