Денес во Општина Арачиново одржавме инспиративна средба со Ридван Мустафа и неговата колешка, координаторки на Центарот за Асистенција, каде што официјално го започнавме соработувањето за еден проект што ќе донесе вистинска промена во нашата заедница.

Овој проект, поддржан од Светска банка, во соработка со Министерството за социјална работа, општините и Центарот за Асистенција, ќе започне со обезбедување домашни услуги за старите лица во потреба од месец јануари. Тоа е голем чекор кон едно похумано, посолидарно и поодговорно Арачиново.

Проектот не само што ја зајакнува грижата за постарата генерација, туку отвора и нови можности за вработување на нашите квалификувани млади, особено оние што го завршиле средното медицинско училиште. Досега аплицирале 10 млади, а целта е овој број да достигне 30.

Првпат во нашата општина се реализира проект од ваков вид — јасен доказ дека кога соработуваме, можеме да создадеме вистинска промена.

Арачиново чекори напред. Заедно ја градиме иднината!