Денес во училиштето „Ѓерѓ Кастриот – Скендербег“ беше одбележан Патрониот празник на училиштето и 28 Ноември – Денот на Знамето и Денот на Независноста на Албанија.

Градоначалникот г-дин Даут Беќири ја истакна важноста на образованието како темел на развојот на нашата заедница и нагласи дека Општината ќе продолжи со целосна поддршка за училиштата, учениците и наставниците.

Патрониот празник на училиштето „Герѓ Кастриот – Скендербег“ нѐ потсетува на традицијата, вредностите и важната мисија што ова училиште ја пренесува од генерација на генерација. Името на училиштето, кое го носи ликот на нашиот национален херој, претставува секојдневна инспирација за работа и гордост.

Градоначалникот изрази посебна благодарност до наставниците за нивната неуморна работа, до родителите за поддршката и до учениците чија енергија му дава душа на училиштето и нашата општина.

28 Ноември нѐ потсетува на жртвите, храброста и решителноста на нашите претци за слобода и државотворност, како и на роденденот на легендарниот Командант Адем Јашари, симбол на храброст и посветеност кон народот.

Да ги прославиме овие датуми со гордост и почит кон историјата!

Честит Патронат на Училиштето!

Честит 28 Ноември!

Да живее Знамето, да живее албанскиот народ!