За време на средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Општина Aрачиново и Муфтинијата, со посебен фокус на услугите за верниците и жителите на општината.
Гостите упатија честитки по повод преземањето на функцијата од страна на градоначалникот Беќири и подарија плакета со убавата Џамија на Мустафа-паша. Во знак на почит, градоначалникот Беќири подари плакета со симболите на Општина Арачиново, како симбол на вредностите и традицијата на нашата земја
Општина Арачиново високо ја цени соработката со верските институции и останува посветена на доброто на своите граѓани.










