Студиската посета на Нова Горица, Словенија и Гориција, Италија

Нашата посета на Нова Горица, Словенија и Гориција – Италија беше плодна посета за нас како прекугранична соработка која ги поврзува регионите и нивните претставници, отвори многу можности и создаде нови прекугранични пријателства.

Проектот, можноста за вас,(opportunity4you) го оправдаа името со создавање можност за сите, промовирање на силни и нови партнерства, предизвици, идеи за иновации и можности за отворено движење и ефикасна работа.

Проектот претставува заедничка иницијатива на четири прекугранични партнери:

Центар за управување со знаење од Скопје, Центар за развој на планскиот регион на Скопје, Центар за развој на регионот Јабланица и Пчиње од Лесковац и Општина Власотинце.

Партнерите на проектот  иницираа заедничкото истражување за вработливост и прекугранична мобилност на работната сила во прекуграничната област на Србија и Северна Македонија, кое резултираше со ефективна и студиозна посета, чии плодови се знаењата, моделите и „отворените врати“ во шансите за вработување

Делегацијата предводена, организирана и спроведена од партнерите во проектот, беше во состав на претставниците на прекуграничните општини во прекуграничната област Македонија – Србија. На студиската посета присуствуваа 6 градоначалници од проектно- таргетираните општини во Скопскиот плански регион, во придружба на тимот координатори и директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Г-дин Јане Мицевски, со што се овозможи квалитетен и оптимален аудиториум за имплементација на прекуграничниот модел  во развојните планови за мобилност и вработливост

Студиската посета ги опфати: Општина Нова Горица,  Регионалниот центар за вработување во Стара Горица, Приморскиот технолошки парк во Словенија, Општината Гориција и Х- центарот во Италија, како  и Општината Мирен во Словенија каде што беше посетена симболичната спомен кула на мирот чиј камен темелник е подигнат од поранешниот претседетел на Словенија Г-дин Милан Кучан.