Состанок со жителите на Грушинo

Денес остваривме состанок со жителите на Грушинo, на кој разговаравме за многу прашања со особен акцент на проблемот со водата кој беше прекинат поради прекинот на електричната енергија за водната пумпа со образложение дека сметките не се платени.

На состанокот, заедно со општинските советници и жителите, проблемот со недостигот на вода беше детално испитан.

На овој состанок, тројца претставници беа делегирани од страна на жителите и потоа заедно со нив остваривме состанок со претставниците на EWN за да добиеме изворна информација за овој проблем.

Првично успеавме да го разјасниме изворот на проблемот што дојде како резултат на лошото управување на ситуацијата со EWN, но секако, заедно со сите страни се надеваме дека наскоро ќе најдеме решение за проблемот со водата.

Што се однесува до информирањето на јавноста и особено жителите на Грушино, треба да се истакне дека минатата година градоначалникот Ридван Ибраими им предложи на жителите на Грушино водоснабдувањето да биде земено во управување од страна на Општината меѓутоа претставниците на Грушино не се согласија со размислувањата дека инвестицијата е приватна на жителите, И на денешниот состанок, претседателот Ибраими побара жителите на Грушино да формират месна заедница што е можно по-скоро и да дојдат со конкретно решение по врска со  управувањето на водоснабдителската мрежа во иднина дали ќе се менаџира од самите жители или да го презема управува Општината.

Остануваме во постојана комуникација со жителите на Грушино и компанијата EWN за да најдеме решение што е можно поскоро за враќање на водоснабдувањето на жителите на Грушино.

Со почит

Јавна информативна служба на Општина Арачиново