Денес, заедно со кандидатот за градоначалник од АКИ, Скендер Исуфи, ја пречекавме заменик-министерката за транспорт и врски, г-ѓа Калтрина Зеколи, со која извршивме увид во градежните активности на улица 12, која е при крај на реализација.

Овој проект е резултат на нашата посветеност уште од 2023 година, кога беше подготвена техничката документација и беше поднесено барање за финансирање преку средства на Светската банка. Улицата е изградена согласно стандардите на Светската банка и претставува значајно достигнување за жителите на овој дел од населеното место, кои во минатото се соочуваа со бројни штети […]




