„Една поинаква Арачиново!” Интервју со градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими

За првпат се стивнуваат предрасудите за општина која со децении не плаќала данок, но сега Арачиново не е „црна точка” на јавноста. Ова го истакнува градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во интервју за весникот „КОХА”. Тој ги презентира постигнувањата во изминатата година, како и проектите што ќе се реализираат следната година. За првпат ќе се отвори и долгоочекуваната градинка за децата од Арачиново – „Фатосат”. Ибраими е категоричен дека симболот на оваа општина – ФК „Шкендија”, многу скоро ќе ги игра натпреварите како домаќин.

КОХА: Како ја оценувате изминатата година? Дали се постигнати целите што ги имавте поставено?

ИБРАИМИ: И покрај тоа што годинава ја започнавме и ја завршуваме со блокирана сметка и со многу долгови наследени од претходното раководство, успеавме да направиме многу повеќе од она што го планиравме. На почетокот на годината имавме 18 активни блокади од извршители, а сега на крајот на годината останаа само неколку нерешени предмети. Некои мали износи сме ги платиле целосно, некои ги отплаќаме на рати, а за дел од предметите поднесовме жалби или тужби.

Не се наоѓам во групата која бара изговори и постојано се жали; напротив, оваа состојба не го намали мојот мотив и не ме одврати од целите што си ги поставив. Од самиот почеток знаев со каква ситуација ќе се соочам. Заедно со пријатели и колеги формиравме мотивиран тим, претежно млади, но и лица со искуство, со што ја зголемивме административната капацитет на општината. Граѓаните на Арачиново се сведоци дека се работи секојдневно, и веќе се гледаат резултатите од реализираните проекти, а некои се во тек на реализација.

Од септември годинава започна со работа Основното училиште „Абдил Фрашери” – нов образовен субјект, со објект кој целосно се реновира, внатре и надвор, со нова спортска сала, нови административни простории, целосно реновиран двор, отворено спортско игралиште и две училници за ученици со посебни потреби.

Го основавме и градинката за деца „Фатосат”, која наскоро ќе започне со работа. Субјектот е формиран, извршен е систематизацијата и сме во фаза на ангажирање на вработени. Сметаме дека на почетокот на наредната година градинката ќе започне со работа во нов и модерен објект, со услови како градинките во развиените европски земји.

Креиравме комунално претпријатие „АМБИЕНТИ” и инвестивме во модерна механизација за собирање и транспорт на отпадот, дел од донации од Islamic Relief и Kalliri i Mirësisë, а дел од сопствени средства. Можам да кажам дека претпријатието е многу ефикасно и функционално и обезбедува квалитетни услуги за граѓаните.

Уредивме неколку пешачки патеки во Арачиново, а во Грушина и Орланце исто така интервениравме во отворање и уредување на неколку патеки. Со финансии од Владата, преку Министерството за животна средина, обезбедивме уредување на атмосферскиот канал, кој прво го исчистивме со сопствени средства, а сега работите се во тек за уредување на коритото, проект вреден над 1 милион евра.

Особено важно е што се исчисти депонијата и воведен е строг надзор за да се спречи неконтролирано фрлање отпад. Сметам дека сликата што со години ни предизвикуваше срам за Арачиново, сега е минато. Во 2024 целосно ќе ја решиме прашањето на отпадот преку проект за прекугранична соработка со општина Раховец, финансиран од европски фондови.

Најдобрата вест за оваа година е собирањето на данокот на имот. Денес, со гордост можеме да констатираме дека Арачиново повеќе не е „црна точка” како општина каде што не се плаќа данокот.

Градоначалникот Ибраими потенцира дека граѓаните неправедно беа етикетирани како неплатители на данок. Со формирање на сектор за даноци, регистрирање на имотот, инсталирање на софтвер (ELTAS) и обука на персоналот, со поддршка од USAID, Арачиново оваа година е прикажано како успешна приказна во собирањето на даноци и фискална транспарентност.

КОХА: Што ја разликува Арачиново од кога сте на чело на општината?

ИБРАИМИ: Одговорот најдобро може да го дадат граѓаните. Целта е да се подобри имиџот на Арачиново и да се смени перцепцијата во позитивна насока. Оваа година добивме први позитивни вести, сме општина со најголем раст на фискална транспарентност – нула корупција и добра и транспарентна управа. Имаме проблеми, но имаме и голема волја за работа.

КОХА: Дали се плаќа данокот на имот и колкава е наплатата?

ИБРАИМИ: Од формирањето на општината во 1996 година не се плаќаше данок на имот. Граѓаните беа неправедно обвинети. Со мојот мандат ова стана приоритет. Денес, наплатата на данокот е зголемена за 422% според USAID.

КОХА: Што предвидува Буџетот за 2024 година?

ИБРАИМИ: Буџетот е зголемен во споредба со минатата година, со фокус на образование, инфраструктура, спорт и култура, а новини има и во социјална заштита. Целта е и деблокада на сметката за да можеме да аплицираме за средства од ИПА фондови.

КОХА: Кога ќе започне градинката „Фатосат”?

ИБРАИМИ: Градинката е готова, регистрирана, со назначен персонал и систематизација. Предвидуваме почеток на работа во почетокот на следната година. Планираме и проширување во Орланце и Грушина.

КОХА: Дали натпреварите на ФК „Шкендија” ќе се играат во Арачиново?

ИБРАИМИ: Да, по завршување на потребните подготовки, „Шкендија” во втората половина на следната година ќе ги игра натпреварите како домаќин во Арачиново.

КОХА: Во каква состојба е ЈКП „Амбиенти”?

ИБРАИМИ: ЈКП „Амбиенти” е ефикасно, со професионален тим и модерна механизација. Услугите се наплаќаат од граѓаните, а за неплатежите се преземаат сите законски мерки.

КОХА: Кои се приоритетите за 2024 година?

ИБРАИМИ: Приоритети се образование, спорт, инфраструктура и социјална заштита, со можност за инвестиции и во други проекти. Ги посакувам на сите граѓани здравје, мир, среќа и многу успеси во 2024 година.