Арачиново е првата Општина во Република Северна Македонија која ќе го реши проблемот со отпадот.

Драги граѓани

Задоволство ми беше што во својсвто на домаќин да го пречекам на стредба господинот. Смајл Латифи, градоначалник на Општина Раховец од република Косово. Во мошне братска атмосфера денес го потпишавме договорот за прекугранична соработка помеѓу нашите две Општини во рамките на повикот Cross-Border Cooperation Programme Kosovo – The Republic of North Macedonia under IPA II 2019 and 2020, со проектот “Be Clean, Be Green”.

Драги граѓани,

Денес со задоволство ви ја споделувам добрата вест дека Општина Арачиново е лидер на овој проект со вкупна вредност од 815.000 € за двете општини и од кои 398.000 € се посветени на капиталните инвестиции во Општина Арачиново. Проектот предвидува изградба на општински отпаден центар за селектирање и третман на домашни отпади и ова нè прави меѓу првите општини кои ги спроведуваат европските практики во третманот на отпадот и заштитата на животната средина

Проектот ќе започне со имплементацијата на почетокот од 2024 година заедно со нашите партнери: Општина Раховец, невладина организација од Косово, green art center и Центар за разбирање и институционална соработка – CUIC/QMBI, од Северна Македонија.

Во рамките на овој состанок, заедно со градоначалникот Латифи, неговиот персонал и општинската администрација го посетивме и меморијалниот комплекс каде што оддадовме почит  на гробиштата на паднатите борци во Арачиново.