Дел од атмосферскиот канал е исчистен почнувајќи од општинската граница помеѓу Општина Арачиново и Општина Илинден.

Драги граѓани на Општина Арачиново

Расчистивме дел од атмосферскиот канал почнувајќи од општинската граница помеѓу Општина Арачиново и Општина Илинден.

Првиот дел од чистењето завршува денес и вклучува должина од 1,1 км која завршува на влезот во Арачиново.

Вториот дел според динамиката е предвидено да биде расчистен кон крајот на јули кој го вклучува делот во арачиново населбата долга 2 километри која завршува на западната граница на Општина Арачиново.

Важно е да се напомене дека за прв пат Општина Арачиново склучи годишен договор со претпријатието “АД Водостопанство -Скопје” за одржување и редовно чистење на каналот кој минува низ населбата Арачиново.