Мултифункционално спортско игралиште во населеното место Грушино
Почитувани граѓани на Општина Арачиново,
мултифункционалното спортско игралиште во населеното место Грушино е при крај на изградбата – една долгогодишна барање на младите од Грушино, кое конечно го реализираме.
Најпрво го изградивме спортското игралиште во Арачиново кај училиштето „Абдул Фрашери”, а сега редот дојде и за Грушино и Орланце да добијат мултифункционални спортски терени со високи стандарди.
Ве известуваме дека паралелно работиме и на изградбата на училишниот двор во населеното место Орланце, каде што исто така е во завршна фаза и спортското игралиште за жителите на Орланце.
Да се радуваме заедно на овие проекти и да се грижиме да ги чуваме и одржуваме.
#ИнвестирамеВоИднината







