Денеска имавме чест да одржиме заедничка средба со раководителите на образовните институции во нашата општина: директорите на општинските основни училишта Рефик Салиу, Џавит Имери, Наим Бислими и директорката на детската градинка, г-ѓа Дрита Исени.
Средбата се одржа во пресрет на завршувањето на учебната 2024/25 година, каде што разговаравме за текот на оваа година и подготовките за учебната 2025/26 година.
Образованието е наш приоритет број еден, и токму затоа се задржавме на неколку суштински теми:
- Оценка на работата за учебната 2024/25 година – постигнувања и предизвици, перформансите на кадарот и учениците, спроведувањето на програмите.
- Успеси и добри практики – успешни проекти и вклученост на заедницата во училиштниот живот.
- Подготовки за новата учебна 2025/26 година – планирање на човечки ресурси, професионални обуки, подобрување на инфраструктурата и наставните средства.
- Администрација и институционална соработка – улогата на секретарите и потребата од континуирана координација со Општината и релевантните институции.
Од оваа средба произлегоа конкретни заклучоци и одлучност да продолжиме со работа и во иднина со уште поголема посветеност. Заедно за квалитетно и современо образование!
На сите ученици, наставници и технички персонал им посакувам пријатен распуст и успешен почеток на новата учебна година!





