Почитувани граѓани,
Денес го извршивме отворањето на спортската сала во Основното училиште „Абдил Фрашери“.
Со целосното реновирање на внатрешните простории, спортската сала е довршена и оваа реновација е целосно завршена, а сега останува да ја завршиме и надворешната реновација.
✅ Обеќавме и успешно реализираме многу важни инвестиции во нашите училишта, бидејќи ова е инвестиција во иднината на нашето општество.
Драги граѓани, за време на овој мандат фокусот беше ставен на училиштата и инвестициите во подобрување на стандардите и создавање на услови за развој на образованието, а сега е време за заеднички да направиме целосно нова организација на образовниот процес, со фокус на подобрување на квалитетот и поттикнување на конкуренцијата во нашите училишта.
Потребите на нашата општина се многубројни, како во инфраструктура, животна средина, училишта, здравство и многу други области, и паралелно работиме на нив, но сега можеме да констатираме дека образованието е проблем што е решен.
Честитки за директорот Рефик Салиу за неговата ангажираност и целокупниот тим на основното училиште „Абдил Фрашери“, не заборавајќи го посебниот придонес на поранешниот министер Јетон Шаќири и првиот премиер албанец, г. Талат Џафери.
ЧЕСТИТКИ!













