Изработката на проектите претставува основа за добивање на финансиски средства, затоа Општина Арачиново може да се гордее со подготвените проекти за секој проблем и потреба на граѓаните.
Одлучувачко за добивање на овие средства беше навремената подготовка на проектите од страна на нашата Општина. Доказ за тоа е големиот број на проекти што нашата Општина ги има добиено од различни меѓународни организации како USAID, UNDP, Европската Унија (IPA и IPARD), прекугранична соработка со општините Раховец, Малиушево и Бујановац, „Калири и мирсис”, Центарот за регионален развој од Словенија, различни амбасади и многу други здруженија.
Со големо задоволство Ве информираме дека проектите за кои денес се потпишани договори се:
- Изградба на секундарна фекална канализациона мрежа во Арачиново (крак 1, крак 6, крак 25, крак 88, 89, 90, 93, 94 и 95)
- Изградба на тротоар и атмосферска канализација на улица 14
- Изградба на дел од атмосферска канализација на улица 10
- Изградба на пешачка патека и хортикултурно уредување на улица 18
Драги граѓани, имаме уште многу подготвени проекти за сите населени места во Општина Арачиново и на следниот повик, на почетокот на 2025 година, сме максимално подготвени во делот на документацијата, за нашите проекти да ги поминат сите потребни филтри до финалната фаза и обезбедување на потребните финансиски средства за нивна реализација.
Благодарност до сите кои придонесоа за добри дела и во служба на граѓаните.







