Почитувани граѓани,
Започнавме со реконструкција на водоводната мрежа со дигитализиран и современ систем.
Овој проект ќе се реализира во соработка со „Калири и мирсис” и организацијата Islamic Relief.
По тој повод, Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, им се заблагодари на претставничката на Islamic Relief, г-ѓа Албулена Гаши, и Директорот на „Калири и мирсис”, Неџати Лика, за нивната континуирана поддршка во многу сфери како што се екологија, социјална заштита и здравство, вклучително и трите фази на реализација.
Ова е интегриран пристап кон одржлив развој на Општина Арачиново.
(Фаза I – дел II)
Оваа фаза на проектот опфаќа:
- Инсталација на водоводната мрежа и поставување на водомери
- 680 м нова водоводна мрежа
- Регулатори за вода
- Водоводни вентили
- 200 водомери за 200 домаќинства
Развојните проекти во Општина Арачиново ќе продолжат и во наредните фази, кои вклучуваат и инвестиции во здравството.













