Ридван Ибраими ги пречека градоначалникот на Oпштина Дебар г-дин Хекуран Дука и градоначалникот на Oпштина Теарце г-дин Нухи Незири

Почитувани граѓани

Во својство на домаќин денеска градоначалникот Ридван Ибраими ги пречека градоначалникот на Oпштина Дебар г-дин Хекуран Дука и градоначалникот на Oпштина Теарце г-дин Нухи Незири, придружувани од секретарите на општините и директорите на јавните претпријатија од Дебар и Теарце.

Општина Арачиново денеска организираше еднодневна работна средба со цел размена на искуства, особено за делот на проектите поврзани со придобивките од инвестициите од ИПА-фондовите, со посебен акцент на проектите за погранична соработка.

Општина Araчиново има искуство во оваа област од успешната соработка со општина Раховец од Република Косово и денес ова искуство преку работна средба им е пренесено на пријателите од Дебар и Теарце, меѓутоа со сигурност дека Општина Арачиново има придобиено многу од нивните искуства.

Градоначалникот Ибраими со хомологот Хекуран Дука и Нухи Незири придружувани од директори на јавни претпријатија и секретари разменија искуства во однос на работењето на Јавните претпријатија како и управувањето со отпадот и плановите и за во иднина. Градоначачниците Ибраими, Дука и Незири денеска ги посетија и гробиштата на паднатите борци во меморијалниот комплекс во Арачиново, каде се поклонија во знак на почит кон возвишеното дело на паднатите борци за време на конфликтот во 2001 година