Во рамки на проектот „Интегриран пристап за одржлив развој на Општина ” Арачиново(2023–2025), денес беше означено свеченото отворање на локалната амбуланта во Арачиново, по нејзината целосна реконструкција.

Во рамки на проектот „Интегриран пристап за одржлив развој на Општина Арачиново” (2023–2025), денес беше означено свеченото отворање на локалната амбуланта во Арачиново, по нејзината целосна реконструкција.

Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Даут Беќири, денес, заедно со генералниот секретар на Здружението „Кalliri i mirsisë”, г. Абедин Арифи, директорот на организацијата Islamic Relief, д-р Мухамед Сулејман, директорот на Домот на здравјето – Скопје, г. Самир Исени, како и поранешниот градоначалник на општината, г. Ридван Ибраими, го одбележаа официјалното отворање на локалната амбуланта во Арачиново по нејзината целосна обнова.

Оваа инвестиција е дел од проектот „Интегриран пристап за одржлив развој на Општина Арачиново” (2023–2025), преку кој денес успешно беше заокружена здравствената фаза од проектот.

Реконструкцијата опфаќа целосно уредување на внатрешните простории и обезбедување основна медицинска опрема, со што се создаваат пофункционални услови за обезбедување здравствени услуги за граѓаните.

Општина Арачиново им упатува благодарност на Islamic Relief и на Здружението „Kalliri i mirsisë” за поддршката и континуираната соработка во реализацијата на овој проект.