Група од дваесет ученици од Албанското училиште во Брилон, Германија, предводени од претставници на Министерството за надворешни работи ги пречекавме во зградата на Општината.

Посебна посета денес во нашата Општина.

Група од дваесет ученици од Албанското училиште во Брилон, Германија, предводени од претставници на Министерството за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, г-ѓа Бурбуче Матоши и г-ѓа Барбана Секирача, како и во придружба на нивната наставничка г-ѓа Неџмие Реџица, беа наши гости, кои заедно со секретарот на општината г. Елмаз Исени, претседателот на Советот г. Сејди Небиу и општинската администрација ги пречекавме во зградата на Општината.

На почетокот се задржавме во општинската зграда, каде што гостите се запознаа со историјата на Арачиново и главните карактеристики на нашата Општина, и им се заблагодаривме што ја одбрале токму Општина Арачиново за нивната посета.

Иако денес во нашата земја беше државен празник, во соработка со директорот на ООУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег – Арачиново”, Џавит Имери, се погриживме учениците од Германија да се сретнат со нивните врсници од нашата Општина.

Гостите беа послужени со традиционална албанска храна и добија симболични подароци.

Заеднички го посетивме и Спомен-комплексот „Паднати Борци”, во придружба на неколку семејства на паднатите борци, каде што оддадовме почит, а потоа ги испративме нашите гости со благодарност за посетата и желба повторно да се сретнеме на идни соработки.