Изградба на тротоар заедно со пешачки и велосипедски патеки покрај регионалниот пат, поточно на улица 1

Почитувани граѓани на Општина Арачиново

Со големо задоволство ви сообштуваме дека ја започнавме изградбата на тротоарот заедно со пешачките и велосипедските патеки покрај регионалниот пат, поточно на улица 1, од училиштето „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“ во правец кон центарот и ќе продолжуваме до зоната за мебел на  излезот од населбата Арачиново. Всушност, овој проект е продолжение на ветениот проект улицата 1 да се претвори во вистински булевар, со идеја Арачиново да личи на градска населба.

Почитувани граѓани, само реализираниот збор може и заслужува да се нарече ветување, другите остануваат празни зборови.

Градоначалникот на општината заедно со општинската администрација и граѓаните полека успеваат да ги исполнат дадените ветувања.

Задоволни сме со динамиката на извршување на секјодневните работи и за ова вие почитувани граѓани сте заслужни со соработката што ја имаме во однос на реализација на ветувањата, ветувања кои имаат тежина и важност на аманет.

✅ повеќе инвестиции

✅ Поголема безбедност за пешаците