Манифестацијата организирана од училиштето „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“ во чест на 7 март „Денот на учителот“

Градоначалникот на Oпштината Ридван Ибраими придружуван од директорите Џавит Имери и Рефик Салиу денеска учествуваше на манифестацијата организирана од училиштето „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“ во чест на 7 Март „Денот на учителот“.

Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, се заблагодари за организацијата на директорот Џавит Имери и во оваа прилика на сите просветни работници им го честиташе овој посебен ден, изразувајќи благодарност за нивната работа и посветеност на образованието на генерациите.

Градоначалникот Ибраими, исто така, изрази подготвеност и одлучност да работи што повеќе на подигнување на квалитетот на образованието паралелно и со инвестиции во инфраструктурата, што општината во соработка со министерството за образование го прави секојдневно.

Честитки драги наставници

Со почит: Општина Арачиново