За време на изведбата на работите за фекалната канализациона мрежа на улица бр. 1

За време на реализацијата на работите за изградба на фекалната канализациона мрежа на улица бр. 1, беа изведени неколку значајни интервенции со цел подобрување на инфраструктурата и исполнување на техничките стандарди. Работите опфатија ископи на терен, поставување на канализациски цевки, изградба на технички шахти, како и враќање на претходната состојба на улицата по завршување на […]

Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Ридван Ибраими, денес оствари посета на Основното училиште во с. Грушино

За време на посетата, градоначалникот се сретна со учениците и наставниот кадар, следејќи одблиску напредокот на училиштето и проектите кои се во развој. Еден од главните фокуси беше и инспекцијата на работите во училишниот двор, кои се реализираат со посветеност за создавање подобри услови за нашите деца.

Честитка од Градоначалникот на Општина Арачиново по повод квалификација на ФК „Шкендија” во Втората лига

Почитувани спортски ентузијасти и граѓани на нашата општина, Со особено задоволство и гордост, во име на Општина Арачиново, го честитаме нашиот драг клуб, ФК „Шкендија”, за постигнатиот квалификација во Втората лига! Убедени сме дека ова претставува само почеток на еден нов и успешен пат за спортот во нашата општина. Како општина, ќе продолжиме да го […]

Амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, денес ја посети Општина Арачиново

Денес, во Општина Арачиново престојуваше во официјална посета Амбасадорот на Република Словенија во Северна Македонија, г. Грегор Прескер. Ова претставува прва официјална посета на словенечки амбасадор во нашата општина. Градоначалникот Ридван Ибраими го информираше амбасадорот Прескер за тековните активности, предизвиците и потребите на Општина Арачиново. Во име на сите жители, тој му се заблагодари на […]

Посета на Амбасадорот на Република Албанија во Општина Арачиново

Во пријателска и братска атмосфера, Општина Арачиново го пречека Амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија, г. Денион Мејдани. Неговата посета претставуваше значаен чекор кон зајакнување на врските меѓу институциите и албанските заедници во регионот. За време на неговиот престој во општината, амбасадорот Мејдани ја посети детската градинка „Фатосат”, каде што беше топло пречекан од […]

Општина Арачиново дел од „Generalka Weekend 2025″

По повод 9 Мај – „Денот на Европа”, Општина Арачиново во рамки на иницијативата „Generalka Weekend 2025″ денес организираше акција за чистење во близина на Основното училиште „Герѓ Кастриоти Скендербег” и на регионалниот пат кон населеното место Орланце. Притоа, градоначалникот Ридван Ибраими, заедно со вработените на ЈКП „Амбиенти”, општинската администрација и учениците од ООУ „Герѓ […]

По повод 5 Мај – Денот на Паднатите борци во Општина Арачиново

По повод 5 Мај – Денот на Штитеникот, во Општина Арачиново се одбележа свечено настанот во организација на Градоначалникот Ридван Ибраими, заедно со семејствата на паднатите борци , старешините и поранешните борци на UÇK. СЛАВА на делото и вековната жртва за слобода.

Општина Арачиново во соработка со Општина Липково реализираше пролетна еколошка акција, со што беше исчистен патниот правец од Арачиново во насока кон Никуштак.

Општина Арачиново во соработка со Општина Липково реализира пролетна еколошка акција Почитувани граѓани, Општина Арачиново во соработка со Општина Липково реализираше пролетна еколошка акција, со што беше исчистен патниот правец од Арачиново во насока кон Никуштак. Оваа еколошка акција, покрај чистењето, имаше за цел и подигање на свеста за значењето на животната средина и хигиената […]

Започнуваат градежните активности на улица 12

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека започна целосната реконструкција на улица 12, како дел од инвестициите за подобрување на локалната инфраструктура. Во моментот се изведуваат подготвителните теренски работи, при што ќе се изврши и пренасочување на сообраќајот согласно утврдениот план. Затоа, апелираме до граѓаните да имаат трпение и да постапуваат во согласност со поставената сигнализација. Проектот […]