Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека започна целосната реконструкција на улица 12, како дел од инвестициите за подобрување на локалната инфраструктура.
Во моментот се изведуваат подготвителните теренски работи, при што ќе се изврши и пренасочување на сообраќајот согласно утврдениот план. Затоа, апелираме до граѓаните да имаат трпение и да постапуваат во согласност со поставената сигнализација.
Проектот „Целосна реконструкција на улица 12″ ќе се реализира со средства од Светска банка. Ние како Општина сме исклучително задоволни што нашиот проект доби финансиска поддршка од Светска банка, и во име на жителите на Општина Арачиново упатуваме голема благодарност и признателност за оваа инвестиција.
Проектот опфаќа:
- Реконструкција и асфалтирање на улицата
- Изградба на тротоари за пешаци
- Изградба на атмосферска канализација
Градежните работи ќе продолжат со зголемен интензитет во наредните денови, а се предвидува улицата да биде целосно функционална во рамки на предвидениот рок.
Сакам да им се заблагодарам на граѓаните за разбирањето и соработката за време на изведбата на работите.








