Беше посебно задоволство што денес заедно со мојот тим бевме пречекани од Градоначалникот на Општина Малишево, г. Екрем Кастрати.

Во братска атмосфера заеднички се потсетиме на нашето заедничко минато како две општини со посебен придонес во историските моменти за земјата и нашите општини во посебност.

Заеднички констатиравме дека спојувањето на Малишево и Арачиново се случило многу одамна, кога многу момчиња од Северна Македонија се приклучија на ОВК на Косово, а потоа, за време на војната во 2001 година во регионот на Карадак, многу момчиња од Косово се бореа покрај своите браќа, давајќи го животот за слободата на Албанците во Северна Македонија.

Со домаќинот, г. Кастрати, разговаравме и за иднината и се договоривме дека е наша одговорност, која ја имаме добиено од граѓаните, да ја градиме нашата земја, создавајќи особени услови за нашата младина, за таа да не ја напушта родната земја.

Разговаравме и за конкретни активности и се договоривме да формираме работни тимови за соработка, особено во областа на животната средина, како и можност за заедничко аплицирање на идните повици за финансии за проекти преку компонентата IPA – прекугранична соработка.

Заедно со Градоначалникот Кастрати се согласивме да аплицираме заеднички со проекти, и го уверив дека Општина Арачиново, со искуството што го имаме во оваа област, ќе ги постигне нашите заеднички цели.

На крајот, благодарејќи му за топлиот прием, го поканив Градоначалникот Кастрати да ја посети Општина Арачиново со цел продлабочување на соработката.