Јавна дебата за предлог буџетот на општината за 2024 година
Граѓаните и претставниците на здруженијата, спортските клубови и здруженијата денес во салата на општинскиот совет имаа можност да дебатираат за предлогот за општинскиот буџет за 2024 година.
Градоначалникот на Општината Ридван Ибраими првично, откако ги поздрави учесниците, детално го елаборираше предлогот за буџетот, истакнувајќи дека буџетот се зголемува во сферата на образованието, спортот, културната инфраструктура и социјалните услуги.
Градоначалникот им се заблагодари на сите учесници на оваа дебата со надеж дека ова ќе стане традиција во иднина.




