Посебна посета денес во нашата Општина.
Група од дваесет ученици од Албанското училиште во Брилон, Германија, предводени од претставници на Министерството за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, г-ѓа Бурбуче Матоши и г-ѓа Барбана Секирача, како и во придружба на нивната наставничка г-ѓа Неџмие Реџица, беа наши гости, кои заедно со секретарот на општината г. Елмаз Исени, претседателот на Советот г. Сејди Небиу и општинската администрација ги пречекавме во зградата на Општината.
На почетокот се задржавме во општинската зграда, каде што гостите се запознаа со историјата на Арачиново и главните карактеристики на нашата Општина, и им се заблагодаривме што ја одбрале токму Општина Арачиново за нивната посета.
Иако денес во нашата земја беше државен празник, во соработка со директорот на ООУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег – Арачиново”, Џавит Имери, се погриживме учениците од Германија да се сретнат со нивните врсници од нашата Општина.
Гостите беа послужени со традиционална албанска храна и добија симболични подароци.
Заеднички го посетивме и Спомен-комплексот „Паднати Борци”, во придружба на неколку семејства на паднатите борци, каде што оддадовме почит, а потоа ги испративме нашите гости со благодарност за посетата и желба повторно да се сретнеме на идни соработки.












