Денес потпишав вкупно 9 договори кои главно се однесуваат на фекалната и атмосферската канализација.

Изработката на проектите претставува основа за добивање на финансиски средства, затоа Општина Арачиново може да се гордее со подготвените проекти за секој проблем и потреба на граѓаните.

Одлучувачко за добивање на овие средства беше навремената подготовка на проектите од страна на нашата Општина. Доказ за тоа е големиот број на проекти што нашата Општина ги има добиено од различни меѓународни организации како USAID, UNDP, Европската Унија (IPA и IPARD), прекугранична соработка со општините Раховец, Малиушево и Бујановац, „Калири и мирсис”, Центарот за регионален развој од Словенија, различни амбасади и многу други здруженија.

Со големо задоволство Ве информираме дека проектите за кои денес се потпишани договори се:

  1. Изградба на секундарна фекална канализациона мрежа во Арачиново (крак 1, крак 6, крак 25, крак 88, 89, 90, 93, 94 и 95)
  2. Изградба на тротоар и атмосферска канализација на улица 14
  3. Изградба на дел од атмосферска канализација на улица 10
  4. Изградба на пешачка патека и хортикултурно уредување на улица 18

Драги граѓани, имаме уште многу подготвени проекти за сите населени места во Општина Арачиново и на следниот повик, на почетокот на 2025 година, сме максимално подготвени во делот на документацијата, за нашите проекти да ги поминат сите потребни филтри до финалната фаза и обезбедување на потребните финансиски средства за нивна реализација.

Благодарност до сите кои придонесоа за добри дела и во служба на граѓаните.