Средба со директорите и секретарите на училиштата во Општина Арачиново

Денеска имавме чест да одржиме заедничка средба со раководителите на образовните институции во нашата општина: директорите на општинските основни училишта Рефик Салиу, Џавит Имери, Наим Бислими и директорката на детската градинка, г-ѓа Дрита Исени.

Средбата се одржа во пресрет на завршувањето на учебната 2024/25 година, каде што разговаравме за текот на оваа година и подготовките за учебната 2025/26 година.

Образованието е наш приоритет број еден, и токму затоа се задржавме на неколку суштински теми:

  • Оценка на работата за учебната 2024/25 година – постигнувања и предизвици, перформансите на кадарот и учениците, спроведувањето на програмите.
  • Успеси и добри практики – успешни проекти и вклученост на заедницата во училиштниот живот.
  • Подготовки за новата учебна 2025/26 година – планирање на човечки ресурси, професионални обуки, подобрување на инфраструктурата и наставните средства.
  • Администрација и институционална соработка – улогата на секретарите и потребата од континуирана координација со Општината и релевантните институции.

Од оваа средба произлегоа конкретни заклучоци и одлучност да продолжиме со работа и во иднина со уште поголема посветеност. Заедно за квалитетно и современо образование!

На сите ученици, наставници и технички персонал им посакувам пријатен распуст и успешен почеток на новата учебна година!