Денес, заедно со Islamic Relief и „Калири и Мирсис” го означивме почетокот на проектот за целосна реконструкција на водоводната мрежа за долниот дел од населеното место Арачиново.

Почитувани граѓани,

Започнавме со реконструкција на водоводната мрежа со дигитализиран и современ систем.

Овој проект ќе се реализира во соработка со „Калири и мирсис” и организацијата Islamic Relief.

По тој повод, Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, им се заблагодари на претставничката на Islamic Relief, г-ѓа Албулена Гаши, и Директорот на „Калири и мирсис”, Неџати Лика, за нивната континуирана поддршка во многу сфери како што се екологија, социјална заштита и здравство, вклучително и трите фази на реализација.

Ова е интегриран пристап кон одржлив развој на Општина Арачиново.

(Фаза I – дел II)

Оваа фаза на проектот опфаќа:

  • Инсталација на водоводната мрежа и поставување на водомери
  • 680 м нова водоводна мрежа
  • Регулатори за вода
  • Водоводни вентили
  • 200 водомери за 200 домаќинства

Развојните проекти во Општина Арачиново ќе продолжат и во наредните фази, кои вклучуваат и инвестиции во здравството.