4.5 милиони евра, што значи дека имаме зголемување од околу 200% на буџетот на општинско ниво.

Почитувани граѓани,

Прв пат во историјата на Општина Арачиново, во 2025 година, ќе имаме најголем буџет што било кога бил одобрен, а ако го земеме за споредба како започнавме да ја водиме оваа општина, каде што немавме повеќе од 1.5 милиони евра буџет во 2021 година, денес, односно по одобрувањето на буџетот за 2025 година од страна на Советот на Општина, обезбедени се околу 4.5 милиони евра, што значи дека имаме зголемување од околу 200% на буџетот на општинско ниво.

Имаме многу проекти кои ќе ги реализираме во 2025 година, но сигурно дека освен инфраструктурата, приоритет остануваат нашите училишта, приоритет е детската градинка која ќе започне многу брзо и проектите кои ги подготвивме и кои се од голем интерес за граѓаните, некои патишта и улици.

Исто така, имаме приоритет да ја започнеме втората фаза на канализацијата и таму ќе бидеме фокусирани, бидејќи во 2024 година ја завршивме големата инвестиција во нашите училишта, во 2025 година ќе се фокусираме повеќе на инфраструктурата и на уредувањето на канализацијата, затоа што навистина е голема потреба за граѓаните да се заврши втората фаза на канализацијата за црни води што побрзо.

Почитувани граѓани, ве уверуваме дека тешките времиња сега се веќе минато и влегуваме во друга фаза која е многу по поволна за целокупниот развој на Општина Арачиново.

Во 2025 година ќе продолжиме со изградба, напредување и зголемување на административните капацитети, што подразбира зголемување на ефективноста на управувањето, зголемување на транспарентноста, зголемување на стандардот, ефикасно управување и зголемување на довербата на граѓаните кон локалните институции.

Основавајќи се на проектите кои ќе ги реализираме во 2025 година, Општина Арачиново ќе се претвори во градилиште, но сме максимално мотивирани и со целосна доверба дека заедно ќе постигнеме големи успеси правејќи многу корисни работи и во служба на граѓаните.

Нека ни биде со среќа, и да имате здравје и хармонија во вашите семејства во 2025 година.

Со почит: Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими