Денес, Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Ридван Ибраими, им врачи 23 решенија за вработување на просветни кадри во нашите образовно-воспитни институции.
Решенијата беа доделени за:
- Детската градинка „Фатосат”
- Основното училиште „Ѓерѓ Кастриот – Скендербег”
- Основното училиште „Абдил Фрашери”
- Основното училиште „Бајрам Шабани”
Ова претставува значаен чекор за зајакнување на образовниот систем и јасен доказ дека образованието останува приоритет на овој мандат.
Им упатуваме благодарност на сите наставници за нивната посветеност и незаменлива улога во воспитувањето и образованието на младите генерации.












