Градоначалникот на Општина Aрачиново, г. Даут Беќири, денес оствари средба со муфтијата на Скопје, Кенан Исмаили, заедно со претставници од Скопската муфтија.

За време на средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Општина Aрачиново и Муфтинијата, со посебен фокус на услугите за верниците и жителите на општината. Гостите упатија честитки по повод преземањето на функцијата од страна на градоначалникот Беќири и подарија плакета со убавата Џамија на Мустафа-паша. Во знак на почит, градоначалникот Беќири подари плакета […]
Претседателот имаше задоволство да ја посети градинката „Фатосат“ по повод Ноемвриските празници. Атмосферата таму беше исполнета со радост и енергија од најмладите деца, на кои со многу љубов им беа поделени празнични пакети.

За претседателот и Општината, секогаш е задоволство да бидат покрај децата, бидејќи тие се нашата иднина и причината поради која се работи секој ден за создавање уште подобри услови во нашата општина.
Денес, во просториите на Општина Aрачинoво, официјално беше потпишана документацијата за прием на новата машина – мини линија за сортирање на отпадот од страна на Градоначалникот, г. Даут Беќири.Оваа опрема е наменета за селекција и раздвојување на отпадот по видови, вклучувајќи пластика, хартија, метал и други рециклабилни фракции, со што процесот на третман станува многу поефикасен, поконтролиран и побезбеден за животната средина.

Оваа инвестиција е во рамките на проектот „BE CLEAN BE GREEN – БИДИ ЧИСТ, БИДИ ЗЕЛЕН“ и е финансирана од ИПА-фондовите на Европската Унија во рамките на програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија, што претставува значаен чекор во процесот на модернизација на комуналните услуги и директно придонесува за подобрување на квалитетот на живот […]




