Општина Арачиново денеска имаше чест да пречека висока делегација од Република Словенија, предводена од амбасадорот Грегор Прескер и директорот на Центарот за развој и соработка – CRMS, г. Дејан Пресичек. Делегацијата беше придружувана и од овластената министерка за економски прашања, г-ѓа Ѓуле Вишај.
Посетата се реализираше во рамките на заедничкиот проект GreenAct Project, кој се финансира од CRMS и Општина Арачиново, а има за цел унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.
Во рамките на овој проект се инсталирани топлотни пумпи и фотоволтаични системи во јавните институции:
- О.О.У. „Бајрам Шабани” – Грушино
- О.О.У. „Герѓ Кастриоти Скендербеу” – Арачиново
- Објектот на Општина Арачиново
Ова претставува значајна инвестиција кон одржлива енергетика и чиста животна средина, која носи директни придобивки за жителите на општината преку намалување на загадувањето, редуцирање на штетните гасови и подобрување на животните услови.





























