Почитувани граѓани, во рамките на активностите по повод ноемвриските празници, денес реализиравме еднодневна екскурзија во Битола заедно со најдобрите ученици од генерациите во нашата Општина.

Во придружба на директорите на училиштата, советниците од Општинскиот совет, наставници и родители, во Манастирот на албанските букви ја посетивме првата албанска библиотека „LINKEST”, каде што со големо внимание бевме пречекани од нејзината основачка и наша сограѓанка Емира Селими, по што продолживме со посета на Музејот на азбуката.

Целта на оваа посета беше да ги поддржиме и мотивираме нашите најдобри ученици, а во исто време тие да се запознаат одблиску со историјата на албанските букви, позната како „Битолски конгрес”.

Лична благодарност упатувам до муфтијата на Битолската муфтија, г-дин Амит Расими, за топлото и братско гостопримство.