Почитувани граѓани,
За нашата општина денес е еден посебен ден, бидејќи заедно со претседателот Али Ахмети ја отворивме првата градинка за деца во Општина Арачиново. Градинката е изградена според сите потребни стандарди, на начин кој секое дете го чувствува како свој втор дом.
Со голема внимателност е избрано и името на градинката, “ФАТОСАТ”, кое во себе содржи благородност, чистота и искреност, исто како сите деца.
За реализацијата на овој проект е вложена голема работа, бидејќи започна пред неколку години и беше дел од нашите ветувања на локалните избори. Во таа насока, се заблагодаруваме на сите кои придонесоа за остварување на овој проект.
Со основањето на правното лице “ФАТОСАТ”, се завршија сите законски процедури и се обезбеди професионален кадар. Градинката има капацитет за 115 деца и има за цел да обезбеди оптимални услови за образование и развој на најмладите.
Овој проект се совпаѓа и со симболиката на 7 март – Денот на наставникот, поради што при овој повод, им посакувам здравје и успех на сите наставници во нивната света мисија.
Инвестирањето во образованието и благосостојбата на децата е важен чекор за иднината на нашата општина. Благодариме на сите кои придонесоа за реализација на овој проект и се надеваме на продолжување на успешни проекти и во иднина.















