Денес, Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Даут Беќири, оствари средба со раководството на ФК Шкендија 77.
За време на средбата се разговараше за проектирањето на новиот стадион, долгoочекуван проект од интерес за сите, кој со години бил најавуван, но не го добил соодветниот правец. Сега, за првпат, се преземаат конкретни чекори за овој проект да се претвори во реалност.
Во знак на почит, претседателот на клубот му подари дрес на ФК Шкендија 77, додека градоначалникот Беќири му врачи плакета со симболите на Општина Арачиново, како израз на благодарност за искреното и континуирано партнерство.
Градоначалникот Беќири ја оцени соработката и посветеноста на клубот во унапредувањето на спортот и поддршката на младите, нагласувајќи дека заеднички се градат цврсти темели за иднината на спортот во општината.














