Денес, Градоначалникот на Општина Арачиново, г. Даут Беќири, ја именуваше г-ѓа Селвете Муртези на функцијата директорка на детската градинка „Фатосат”.
Г-ѓа Муртези е истакнат и докажан професионален кадар во областа на предучилишното образование, со повеќе од 25 години работно искуство во детски градинки и образовни институции. Таа е препознатлива по високата професионална компетентност, континуираната педагошка надградба, како и по примената на современи стандарди во раниот детски развој и образование.
Во текот на целата своја кариера, г-ѓа Муртези има покажано примерна посветеност, институционална сериозност, професионална етика и високо чувство на одговорност, секогаш фокусирана на благосостојбата, развојот и квалитетното образование на децата. Таа ужива посебен углед и почит како од колегите, така и од родителите, благодарение на нејзиниот професионален и хуман пристап.
Нејзиното богато искуство, лидерските способности и континуираниот професионален ангажман се очекува значително да придонесат за унапредување на квалитетот на воспитно-образовните услуги.
Општина Арачиново и посакува многу успех на г-ѓа Селвете Муртези во оваа значајна функција, со целосна увереност дека, како стручен и посветен кадар, таа ќе ја извршува должноста со високо ниво на одговорност, во служба на децата и семејствата на Општина Арачиново.




