Општина Арачиново сега веќе неколку години е дел од најголемата еколошка акција во Северна Македонија и Западен Балкан позната како ,,Генералка Векенд”.
Денес засадивме неколку садници долж патот кон гробиштата на Народните херои и во дворот на О.О.У. Ѓерѓ Кастриот Скендербеу.
Нашата општина продолжува со соработката и ќе бидеме дел од ,,Генералка Векенд 2025” при што ќе имаме неколку еколошки активности во текот на годината.









