Тирана секогаш ја дава онаа посебна енергија со својата живост и топлото гостопримство.
Голема благодарност до сите кои придонесуваат за еден толку возвишен и корисен проект за нашиот народ.
Денес разговаравме за многу конкретни идеи, но и за начини на нивна имплементација, со единствена цел да им ги доближиме нашите граѓани што е можно повеќе едни до други.
Градоначалникот Ридван Ибраими учесник на годишниот форум за лидерство „Стратегии за соработка во одржлива мобилизација на ресурсите и децентрализацијата”, организиран од Проектот на УСАИД за јакнење на капацитетите за искористување на ресурсите.
Главни теми на кои се дискутираше беа стратегиите и можностите за зголемување на општинските приходи, унапредувањето на процесот на децентрализација, како и подобрувањето на транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа.
Општина Арачиново со право може да се гордее со постигнатите резултати од одличната двегодишна соработка со УСАИД, особено во делот на приходите од данокот на имот, но и во подигањето на фискалната транспарентност, за што доказ се индексите за мерење кои ја рангираа нашата Општина високо и во делот на зголемување на севкупната транспарентност.
За време на дводневната средба што се одржа во Скопје, Градоначалникот Ибраими ја искористи приликата да отвори и други прашања поврзани со децентрализацијата и предложи идеи и конкретни решенија за различни проблематики, за кои веруваме дека ќе станат дел од дискусиите на УСАИД со централната власт и ќе бидат разгледани и решавани со цел надминување на пречките поврзани со функционирањето на локалната власт.
Секако, проблемите со кои се соочува Општина Арачиново беа во фокусот на дискусијата на Градоначалникот, како и забелешките упатени кон централната власт за конкретни проблеми со кои се соочува нашата Општина.
Служба за информирање
Општина Арачиново








