Учениците од Општинското основно училиште „Абдил Фрашери” презентираа проект за селекција на отпад, при што преку едукативна активност за заштита на животната средина пренесоа пораки и важни информации за значењето на зачувувањето на природата и правилното третирање на отпадот.
Градоначалникот на Општина Арачиново, благодарејќи им на учениците и наставниците, истакна дека заштитата на животната средина започнува со едукација на новата генерација и дека секој од нас има улога во создавањето на почиста и поздравa иднина.
Да ја чуваме животната средина, за поздраво и позелено Арачиново!








