Во рамките на проектот GreenAct финансиран од CMSR-Република Словенија, денес реализиравме многу важна активност, која пред сe беше многу креативна и убаво организирана од учениците од училиштата Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, Абдиљ Фрашери и Бајрам Шабани од Oпштина Арачиново.
Три групи ученици од основните училишта ги презентираа своите проекти во областа на екологијата и енергетската ефикасност, при што како награда од CMSR-Република Словенија, трите проекти добија по еден компјутер со сите потребни уреди, кои ќе се користат за потребите на училиштата, додека сите ученици кои беа дел од презентираните проекти од страна на Претседателот на Општина, беа наградени со по еден таблет.
Во оваа прилика, Претседателот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, им честиташе на директорите на училиштата и на наставниот кадар, а посебно им се заблагодари на учениците за одличната презентација, со порака дека знаењето кое го стекнале во однос на животната средина и енергетската ефикасност треба да го применуваат во пракса, бидејќи суштински чистотата е половина од здравјето и верата.
Претседателот Ибраими вети дека Општина како институција ќе продолжи силно да ги поддржува ваквите иницијативи и проектите кои и во иднина ќе се реализираат од учениците, охрабрувајќи ги да продолжат да работат уште повеќе, бидејќи Арачиново има доволно интелектуален потенцијал да изгради многу подобра и напредна иднина со високи животни стандарди.
Денешната презентација беше во рамките на проектот GreenAct финансиран од C.M.S.R-Република Словенија, која исто така го финансираше опремувањето на училиштата Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, Бајрам Шабани и општинскиот објект со соларни панели за производство на електрична енергија и инсталирање на термални пумпи за греење.

















