Денес, во рамките на нашите напори за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, имав чест да потпишам договор за соработка заедно со Здружението за социјална асистенција „Центар за асистенција” и Министерството за социјална заштита и демографска политика.
📍 Овој договор и услугата за нашите граѓани се овозможени и со поддршка од Светска банка.
Услугата за домашна грижа во Општина Арачиново ќе биде достапна за:
🔹 Лица со попреченост
🔹 Возрасни над 65 години
🔹 Граѓани со ограничени функционални капацитети
🔹 Лица кои немаат можност самостојно да се грижат за своите секојдневни потреби
Оваа услуга претставува значаен чекор кон зголемување на социјалната инклузија и подобрување на квалитетот на живот за најранливите меѓу нас.
Општина Арачиново останува посветена на поддршката на граѓаните во потреба, во тесна соработка со релевантните институции.




